Ширината на патеката (Ast) на вилушкарот е минималната широчина на правата патека во која вилушкарот што носи одреден товар може да се сврти за 90°.
Ast е дефиниран со:
Електрични палетари, електрични стакери и регални вилушкари и собирачи на пратки за ниско ниво:
Ast = Wa +√((l6 - x)² + (b12/2)²) + a
Контратег вилушкари со 3 тркала, Контратег вилушкари со 4 тркала (кога b12 е поголем од два пати од внатрешниот радиус на вртење b13) и вилушкари за нарачки на високо ниво:
Ast = Wa +√((l6 + x)² + (b12/2)²) + a
Контратег вилушкари со 4 тркала (кога b12 е еднаков/помал од два пати поголем од внатрешниот радиус на вртење b13)):
Ast = Wa + x + l6 + a
Вилушкарите за во многу тесен премин се посложени за пресметување. Вашиот експерт за Тојота може да ви искалкулира.
Сакате да купите нов вилушкар или да изнајмите дополнителен за вашата работа? Неколку совети за да бидете сигурни дека вилушкарот е соодветен за просторот:
Магацински простор
Ширината на патеката и изборот на вилушкари се многу зависни еден од друг. Општо земено, може да се каже дека колку е поголем просторот, толку е поголема флексибилноста за користење на различни видови опрема за ракување со материјали. Колку е потесен просторот, толку моделот треба да биде поконкретен.
Капацитет за складирање
Дефинирањето на виљушкарот со правилни мерења може да има позитивно влијание врз вашиот капацитет за складирање. Кога патеките се потесни, може да се постават повеќе багажници што го зголемува просторот за складирање.
Вистинскиот вилушкар
Вилушкари кои се погодни кога просторот е клучен а се потребни и големи висини за подигање, тука се регален вилушкар, електричен контратег вилушкар на 3-тркала или ВНА. Но, наоѓањето на вистинскиот модел не е сè само за барањето простор, тој треба да одговара на вашите апликации и потребите на возачот.