Центар за Логистички Решенија

Центарот за логистика решенија е посветен да пронајде нови технологии и решенија во логистиката. Ние се фокусираме на автоматизација, опрема за складирање и телематика.

Логистични решенија решаваат логистички проблеми

Во индустријата за манипулирање со товар, работните трошоци и трошоците за штета често претставуваат значителен дел од вкупните тековни трошоци за операцијата.

Во повторувачки операции за ракување со товар можеме да ги намалиме овие трошоци со подобрување на капацитетот, продуктивноста на автоматизираните решенија, телематика и софтверски решенија креирани во нашиот Центар за логистишки решенија.

Работејќи кон иднината

Бидејќи логистиката континуирано се развива, ние исто така развиваме соодветни решенија за нашите клиенти кои бараат навремени, прецизни испораки, поголема продукстивност и флексибилност во постојано променливата средина.

Преку напредната технологија и интелигентен софтвер им помагаме на нашите клиенти да ја зголемат безбедноста, продуктивноста и да постигнат исклучителна ефикасност.

Повеќе за технологија на иднината

Ве подржуваме во секој чекор од патот

Креирање на логистичко решение за почнува со анализа на целата ваша операција, и во текот на развојот ние ги прилагодуваме нашите решенија за да бидеме флексибилни за вашата околина. Ова го правиме со користење на нашата стандардна опрема и комбинирање единствени инителигентни софтверски решенија, кои ви овозможуваат да комуницирате со вашите системи за управување со складишта. Употребата на податоци од интелигентно поврзани вилушкари може да доведе до точен увид што ќе ви овозможи значително да ја подобри продуктивноста и да ги намали вашите трошоци.

Иновативни решенија изградени во иновативна средина

Имаме можност да работиме во Научниот парк Линхолмен во Тегеборг, локација која е меѓународно призната за логистика, телематика и медиуми. Работејќи овде, имаме пристап до техничката и иновативната мрежа. И тоа ни овозможува да го задржиме блискиот контакт со Универзитетот Чалмерс.

Менаџер гледа во I_Site во iPad

I_Site менаџмент на флоти

I_Site ја поврзува вашата флота од вилушкари, ги собира податоците и ви дава преглед на она што се случува и ви кажува како да ја оптимизирате вашата работа.

Прочитајте повеќе >

 Автопилот транспортира по хоризонтала

Автоматизирани решенија

Нашиот опсег на автоматизирани вилушкари и носачи ви нудат напредни, флексибилни решенија за по ефикасно и економично ракување со товар.

Прочитајте повеќе >

Spotme во магацин

SpotMe систем за предупредување

Магацините се пренатрупани средини со брзи движења и ограничен број на сообраќајни правила. За да ги спречиме несреќите во ваквите средини, го создадовме SpotMe.