Вашето решение за менаџирање на флоти I_Site

I_Site е систем за менаџирање на машини развиен од страна на Тојота пред 10 години, со над 70.000 вилушкари поврзани во мрежата. Хардверот на I_Site се состои од телематичка единица и дополнителни сензори вградени во вилушкарите. Оваа технологија ви овозможува поврзување на вашите машини директно до вашата канцеларија преку ERP систем, како и со контролните системи на Тојота.

I_Site доаѓа со многу функции

  • Искористеност на вилушкарот и операторот
  • Веб портал, мобилна апликација
  • Претплатнички пријави, табели за анализа
  • Следење на батерија
  • Шок сензори и заклучување, известување на зададени потреси, известување на супервизор при заклучување
  • Далечински пристап до возачот, контрола на управувачот и лиценците
  • Следење на договорот
  • Пред-оперативна проверка вклучувајќи и известувања
  • Интелигентен пристап (картичка или FOB)
Човек држи мобилен со инсталирана апликација I_Site приказ

Сосема нова функција: барање за сервис преку апликација I_Site

  • Влезете во контакт со нашиот сервис тим директно
  • Испратете порака со барање за сервис од вашиот мобилен уред
  • Можете исто така да додадете слики и додатна порака
  • Брзо и лесно: намалување на времето на застој и подобрување на продуктивноста

 

Бизнисмен гледа во I_Site на лаптоп

I_Site го поврзува вашиот бизнис

Со помош на

  • Телематичка единица и дополнителни сензори на вилушкарите
  • Дополнителни вградени сензори
  • Систем за поврзување со вашата канцеларија, ERP системи
  • Сервисни извештаи од теренски инженери

И сите овие информации можете да ги погледнете преку веб порталот на вашиот компјутер или мобилен уред.

Стапете во контакт

Се што треба да знаете за системот I_site за менаџирање на вашите машини

Знак за Евро

Контрола на трошоци

Можете да управувате со оперативните трошоци, искористувањето на вашите машини и трошоците за штети.

Календар

Продуктивност

Можете да ги анализирате извештаите за да ги оптимизирате вашите операции.

Знак за внимание

Здравје и безбедност

I_Site придонесува кон почитување на безбедноста и спречување на ризици со контрола на пристап и сензори за удар.

Дрво расне од дланка на човек

Животна средина

Можете да го оптимизирате користењето на вашата машина и батерии, како и нивниот работен век.

Возач на BT Optio за собирање на пратки

Нашата палета на производи

Погледнете ја нашата целосна палета на продукти, вклучувајќи регални, палетни вилушкари и собирачи на пратки.

Прочитајте повеќе >

Снека од јато вилушкари

Идна технологија

Интелигентна Логистика и Логикономи ви даваат решенија за денеска за да ви ја покажат визијата за во иднина.

Прочитајте повеќе >

Интелигентно поврзани вилушкари

Прочитајте повеќе за поврзани интелигентни магацински вилушкари.

Прочитајте повеќе >