поврзани и интелигентни вилушкари на Тојота

Откријте ги поврзаните и интелигентни вилушкари на Тојота

Магацинските вилушкари на Тојота со вграден интелигентен систем

Дали знаете точно колку време вашите вилушкари поминуваат движејќи се низ вашиот магацин? Или колку време поминуваат паркирани? Дали е можно решение за оптимизација на интервалите на сервисирање и намалување на цената на чинење? Сега постои лесен начин за да ги надгледувате и да бидете во контрола на вашите операции, дозволувајќи ви да ја подобрите ефикасноста, продуктивноста и безбедноста.

Магацинските вилушкари на Toyota Material Handling кои се нарачани од Октомври 2018 година ќе бидат испорачувани со интегрирана телематика. Во Тојота нија ја преземаме водечката улога во оваа индустрија со интелигентни вилушкари како стандард, бидејќи сакаме да ви понудиме вилушкари и алатки за полесно логистичко ракување. Инсталирањето на телематичкиот хардвер како стандард овозможува лесен пристап до сите податоци од моментот коа се произведува вилушкарот. На овој начин можете лесно да пристапите и да ги анализирате податоците од вашите интелигентни вилушкари, за да ги разберете и подобрите вашите операции.

Истражете ги погодностите на интелигентните вилушкари

Како стандард, Интелигентните вилушкари на Тојота ви даваат преглед на работните часови, користењето, услугите и податоците за изнајмување, како и можноста да направите барање за мобилен сервис. Со цел да ја преземете контролата врз вашите операции можете да имате лесен преглед на вашите интелигентни вилушкари во листата на машини. Исто така можете да го следите користењето на вилушкарот во однос на работните часови за да закажете одржување точно во вистинското време, со што ќе го елиминирате несаканото трошење на време и пари. За максимално искористување на вашата опрема, лесно можете да го контактирате нашиот сервисен тим преку мобилната апликација.

Преглед на листа на флоти

Ќе имате пристап до веб портал и преглед на сите интелигентни вилушкари кои ги користите. Преглед на работни часови, кодови на вилушкари, сервис и податоци за договори за изнајмување.

Искористеност на вилушкарите

Следете ги работните часови и прилагодете ги интервалите за сервисирање за да го подобрите работниот век на вилушкарот.

Барање за сервис

Стапете во контакт со вашиот сервисен тим преку веб-порталот или апликацијата со испраќање на слика или порака.

I_Site управување со флота

Со еден клик можете да го активирате I_Site за следење на вашите вилушкари и возачи за да се подобрат истите кога е тоа потребно.

Паметни вилушкари со I_Site ве става во контрола

Интелигентните вилушкари од Тојота се поврзани магацински вилушкари опремени со телематички хардвер кој ви овозможува да ги набљудувате и подобрите благодарение на софтверот за управувањето возниот парк I_Site.

Интелигентните вилушкари лесно можат да се поврзат со I_Site, системот за управување со возниот парк од Тојота. Со еден клик, можете да ја активирате технологијата која ќе ви овозможува да ги надгледувате вашите операции и да ги користите овие податоци за да откриете и да ги решите проблемите. I_Site ви нуди детални извештаи за да ги направите вистинските одлуки и подобрувања во користењето на вилушкарите, да ги следите кои возачи се лиценцирани за одредени типови вилушкари и меѓу другото да ги подобрувате интервалите за сервисирање.

Кои бенефити врз вашите операции ќе ги имате при имплементација на I_Site

5 причини како интелигентните вилушкари можат да го подобрат Вашиот бизнис - за максимална додадена вредност при операција со екстремна оптимизација, и како резултат нулта беспотребно трошење на енергија, време и простор.

Поврзувањето е клучно во иднина на логистиката

Ние веќе живееме во поврзан свет, со пристап до сè и секого со едно притискање на копче. Постојано се поставуваат нови, повисоки стандарди, кои ги обликуваат очекувањата на сите. Работите треба да се движат брзо, треба да се мерат прецизно, и постојано да се подобруваат, за максимални перформанси.

Нашата цел е да работиме со нашите клиенти за да го споделиме нашето размислување и да им помогнеме да ги подобриме ефикасноста во секоја фаза од процесот. Со поврзаните вилушкари можете да бидете во можност да ја контролирате работата, да го елиминирате целиот отпад и да работите кон подобрување на операциите. Ќе бидете во можност да измерите и да подобрите. Дури и мерење и преземање акција од далечина: секаде и во секое време во блиска иднина ...

СТАПЕТЕ ВО КОНТАКТ ЗА ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ

Се што треба да знаете за интелигентните вилушкари на Тојота

You may also like

Менаџер гледа во I_Site во iPad

I_Site менаџмент на флоти

I_Site ја поврзува вашата флота од вилушкари, ги собира податоците и ви дава преглед на она што се случува и ви кажува како да ја оптимизирате вашата работа.

Прочитајте повеќе >

 Автопилот транспортира по хоризонтала

Автоматизирани решенија

Нашиот опсег на автоматизирани вилушкари и носачи ви нудат напредни, флексибилни решенија за по ефикасно и економично ракување со товар.

Прочитајте повеќе >

Снека од јато вилушкари

Идна технологија

Интелигентна Логистика и Логикономи ви даваат решенија за денеска за да ви ја покажат визијата за во иднина.

Прочитајте повеќе >

Возач на BT Optio за собирање на пратки

Нашата палета на производи

Погледнете ја нашата целосна палета на продукти, вклучувајќи регални, палетни вилушкари и собирачи на пратки.

Прочитајте повеќе >