Оваа веб страница користи колачиња кои се од суштинско значење за нејзина работа. Ок

  • Our Dealer Network
  • Сервис
  • Често поставувани прашања (FAQ)

Побарајте нé на: 

+389 31 443 200


Отворено:

Понеделник - Петок: 8:30 am – 4:30 pm

Контактирајте нé преку е-пошта:

info@termalift.com.mk

Ќе бидете исконтактирани во рок од 24 часа.

Toyota Material Handling
  • Сервис
  • Често поставувани прашања (FAQ)

Побарајте нé на: 

+389 31 443 200


Отворено:

Понеделник - Петок: 8:30 am – 4:30 pm

Контактирајте нé преку е-пошта:

info@termalift.com.mk

Ќе бидете исконтактирани во рок од 24 часа.

  • Почетна
  • Наши продукти
  • Регални вилушкари
  • Продукти
  • Нов BT Reflex
  • Откријте го нашиот опсег

Новиот BT Reflex

Сериите R-E-O од регалните вилушкари BT Reflex се модернизирани со нови иновативни подобрувања. Го надоградивме одделот за оператори со ергономија за возачот и поставивме нови стандарди за безбедноста, ергономијата и енергетската ефикасност - од сега и со литиум-јонски батерии како стандард.

 

 

Интуитивна преграда

Ние се погрижуваме работните часови на возачите на регалните вилушкари да биде лесен, безбеден и поудобен со ново дизајнираниот, ергономски и интуитивен оддел за ракување.

 

Откријте повеќе

 

Интерактивен дисплеј

Новиот интерактивен екран на допир има различни функции како што се контрола на брзината, висина на подигање и предупредувања за преоптоварување што ќе го олесни и побезбедно ракувањето со товарот.

 

Откријте повеќе

 

Интелигентен извор на енергија

Дизајниран со три нови интелигентни енергетски пакети за да одговара на вашите операции и навики за полнење, изберете помеѓу Стандардно, Интензивно или Макс. Нашите модуларни решенија за литиум-јонски батерии даваат максимална флексибилност на вашите операции додека се љубезен избор за нашата планета.

 

Откријте повеќе

 

 

Увид со I_Site

Можете да достигнете високи нивоа во безбедност, продуктивност и ефикасност со стандардните паметни регални вилушкари BT Reflex. Дозволете само овластени возачи да ја стартуваат машината на безбеден начин и олеснување на поврзувањето со управувањето со возниот парк I_Site од Toyota.

Дознајте повеќе

Серија регални вилушкариСерија регални вилушкари

Серија регални вилушкари

Едноставно ефективни регални вилушкари

За едноставни апликации

  • Висини на подигање до 8,5 m
  • 1,2 - 1,6 t носивост

Некои апликации со манипулирање на палети бараат едноставен и ефикасен регален вилушкар. BT Reflex B-серијата е развиена специјално за овој тип на ракување, вилушкар лесен за употреба, погоден за возачи кои имаат многу задачи за време на нивниот работен ден.

Погледнете ја нашата едноставно ефективна серија

Регален вилушкар со високи перформанси

  • Високо ниво на видливост
  • Достапен со литиум-јонска батерија
  • Кревање до 13 метри
  • Интелигентен вилушкар

BT Reflex R – серијата е дизајнирана да ги подигне тешките товари на висина благодарениа на одличната стабилност и транзиционата контрола на дигање, за брзо и непречено кревање и спуштање. Конструиран за високи перформанси на височина, отворената пространа кабина, проѕирниот покрив, како и дизајнот на кранот нудат исклучителен преглед на товарот. Искуството на возачот е дополнително зајакнат со прилагодливиот под, седиште и контроли. Овој регален вилушкар е опремен со телематички хардвер кој овозможува поврзување во мрежа. Притоа нудејќи можност лесно да се следи неговата активност и со тоа да се подобри неговата продуктивност, безбедност и ефикасност.

Погледнете ја нашата серија со високи перформанси

Регален вилушкар со навалувачка на кабина

  • Единствена кабина со наклон
  • Достапен со литиум-јонска батерија
  • Кревање до 13 метри
  • Интелигентен вилушкар

BT Reflex E – серијата на регални вилушкари се дизајнирани слично на R – серијата со Транзициона Контрола на Кревање за подигање на тешки товари брзо и непречено до височина. Конструирани за високи перформанси на работа во височина, единствената кабина со навалување и транспарентен покрив како и дизајнот на кранот нудат одлична видливост на товарот. Единсвтеноста на Е – серијата е исто така дизајнирана за да го намали ризикот од напрегање на возачот во повторливи операции при дигање на височина. Овој регален вилушкар е опремен со телематички хардвер кој овозможува поврзување во мрежа. Притоа нудејќи можност лесно да се следи неговата активност и со тоа да се подобри неговата продуктивност, безбедност и ефикасност.

Погледнете ја нашата серија со навалување на кабина

Регални вилушкари за тесни простори

  • Тесна шасија
  • Компатибилност за во ладилник
  • Кревање до 8.5 метри
  • Интелигентен вилушкар

Благодарение на тесната шасија, BT Reflex N – серијата на регални вилушкари нуди одлична можност да работите во тесни простори како што се редење на блокови или редење во погон. Овие вилушкари нудат одличен комфорт на операторите благодарејќи на можноста за ротирање од 360° и прилагодливо седиште. Електричната контрола на вилушките гарантира непречено оперирање и прецизност. Овој регален вилушкар е опремен со телематички хардвер кој овозможува поврзување во мрежа. Притоа нудејќи можност лесно да се следи неговата активност и со тоа да се подобри неговата продуктивност, безбедност и ефикасност.

Погледнете ја нашата серија за во тесни простори

Регални вилушкари за внатре и надвор

  • За надворешно користење
  • Достапна е заштита од временски услови
  • Кревање до 7.5 метри
  • Интелигентен вилушкар

Серијата BT Reflex O – е погодна за работа како во затворени така и за на отворени простори, благодарение на издржливите гуми и висока видливост на подот. За удовноста на возачот, се достапни различни опции како, заштита од временски услови. Тркалта можат да се ротираат 360° и напредната трансиционалната контрола на дигање го подобруваат непреченото ракување на товар со зголемена безбедност. Овој регален вилушкар е опремен со телематички хардвер кој овозможува поврзување во мрежа. Притоа нудејќи можност лесно да се следи неговата активност и со тоа да се подобри неговата продуктивност, безбедност и ефикасност.

Погледнете ја нашата серија за внатре и надвор

Некои апликации со манипулирање на палети бараат едноставен и ефикасен регален вилушкар. BT Reflex B-серијата е развиена специјално за овој тип на ракување, вилушкар лесен за употреба, погоден за возачи кои имаат многу задачи за време на нивниот работен ден.

Регалните вилушкари од Toyota беа водечки производи во класата со иновативни карактеристики во изминатите 25 години. Уникатна навалена кабина, преодна контрола на лифтот, наизменична струја, управување од 360° за да наведеме само неколку. Без разлика на која серија BT Reflex ќе одлучите да одите, ова се некои од карактеристиките што секогаш се вклучени.

Преодна контрола на кревање

Патентираниот и уникатен систем за контрола на преодно кревање обезбедува целосно непречено кревање и спуштање без удари, дури и при максимална брзина. Ова им дава на возачите поголема контрола врз товарот за да ги подобрат вкупните перформанси.

Концепт на Totalview

Дизајн на кранот и решетка на санката во комбинација со проѕирниот покрив му нудат на возачот исклучителен поглед на товарот во секое време, зголемувајќи ја продуктивноста и безбедноста. Изборниот ласер за вилушки го подобрува ова уште повеќе со тоа што помага да се дофатат палети побрзо и без оштетување.

360° вртење

Управувањето од 360˚ за регални вилушкари е „прв BT“ изум. Промената на насоката на возење благодарение на континуираното движење на воланот без крајните позиции овозможува непречено и брзо маневрирање. Ова е предност во однос на управувањето од 180°, особено при натрупување и менување на патеки.

Оптимизирани перформанси

Ова е пакет на напредни електронски безбедносни карактеристики кои му помагаат на возачот да го користи целиот капацитет на BT Reflex на безбеден начин.

Пакетот вклучува: оптимизирана контрола на свиоци, прилагодлива за да одговара на апликацијата, како и контрола на брзината и контрола на досегот.

За Toyota

  • Кои сме ние
  • Зошто да купите Тојота
  • Центар за дизајн
  • Центар за Логистички Решенија
  • Односи со јавноста и Новости

Вредности на Тојота

  • Начинот на Тојота
  • Тојота Систем за Производство (ТПС)
  • Одржливост
  • Кодекс на однесување

Совети и упатства

  • Безбедносни совети
  • 8 совети за купување на вилушкар
  • Водич за палети
  • Водич за кранови

Услуги на клиентите

  • Контактирајте не
  • Прашања и одговори - FAQs
  • Terms & Conditions
  • Privacy policy
  • Cookie policy

Авторско право 2022. toyota-forklifts.com.mk. Сите права се задржани

Одстранете ги сите