Во индустријата за манипулирање со товар, работните трошоци и трошоците за штета често претставуваат значителен дел од вкупните тековни трошоци за операцијата.
Во повторувачки операции за ракување со товар можеме да ги намалиме овие трошоци со подобрување на капацитетот, продуктивноста на автоматизираните решенија, телематика и софтверски решенија креирани во нашиот Центар за логистишки решенија.
Бидејќи логистиката континуирано се развива, ние исто така развиваме соодветни решенија за нашите клиенти кои бараат навремени, прецизни испораки, поголема продукстивност и флексибилност во постојано променливата средина.
Преку напредната технологија и интелигентен софтвер им помагаме на нашите клиенти да ја зголемат безбедноста, продуктивноста и да постигнат исклучителна ефикасност.
Креирање на логистичко решение за почнува со анализа на целата ваша операција, и во текот на развојот ние ги прилагодуваме нашите решенија за да бидеме флексибилни за вашата околина. Ова го правиме со користење на нашата стандардна опрема и комбинирање единствени инителигентни софтверски решенија, кои ви овозможуваат да комуницирате со вашите системи за управување со складишта. Употребата на податоци од интелигентно поврзани вилушкари може да доведе до точен увид што ќе ви овозможи значително да ја подобри продуктивноста и да ги намали вашите трошоци.
Имаме можност да работиме во Научниот парк Линхолмен во Тегеборг, локација која е меѓународно призната за логистика, телематика и медиуми. Работејќи овде, имаме пристап до техничката и иновативната мрежа. И тоа ни овозможува да го задржиме блискиот контакт со Универзитетот Чалмерс.
Магацините се пренатрупани средини со брзи движења и ограничен број на сообраќајни правила. За да ги спречиме несреќите во ваквите средини, го создадовме SpotMe.