Интелигентните вилушкари се опремени со телематички хардвер за лесно поврзување со I_Site, апликација која ви овозможува да ги следите употребата на вилушкарите и однесувањето на возачот. Со еден едноставен клик, технологијата може да се активира и ќе ви овозможи да ги надгледувате вашите операции и да ги користите овие податоци за да го подобрите вашиот бизнис.
Логистика на која може да се наслоните и континуиран проток моментално е голем предизвик, а уште повеќе ќе биде во иднината. Нашето решение? Тимска работа меѓу вилушкарите благодарение на вештачката интелигенција, испраќајќи ги вистинските вилушкари на вистинското место во вистинско време. За максимална операција со покачена вредност со екстремна оптимизација и нулта непотребно потрошена енергијата, време и простор како резултат.
За повеќе информации за иновациите посетете го нашиот блог >
Logiconomi е зборот што го користиме за да го опишеме својот начин на размислување - со цел да имаме сигурни процеси, да го елиминираме отпадот, да ја зголемиме ефикасноста и да ги намалиме трошоците. Сите со помош на иновации и соработка со партнери истомисленици.
Следејќи ги глобалните трендови, како што е електронската трговија и дигитализацијата, индустријата за ракување со товар се менува и прилагодува многу брзо. Затоа соработуваме со партнери како нашата сестринска компанија Vanderlande и Microsoft за логистички решенија за денеска и утре.
Организирана на секои две години од Toyota Material Handling Europe, изданието на Toyota Logistic Design Competition 2020 е отворено. Овогодинешната тема за натпреварот "Ракување со багаж: Може ли да леташ?" се фокусира на решенија за ракување со багаж за аеродромите. Во ова издание, поранешниот европски натпревар ја отвори својата врата за дизајнирање на студенти низ целиот свет.