Тојота литиум јонски батерии

Целосно интегрирани и склопени од страна на Тојота

Литиум јонски решенија на Тојота

Нудиме целосно интегрирани литиум-јонски батерии низ целиот опсег, произведени според стандардите на TPS со висок квалитет на Тојота.

Како дел од нашите најнови иновации, нудиме комплетна енергетско решение на Тојота со литиум јонски батерии произведени од страна на Тојота. Тие се целосно интегрирани со вилушкарот, и нудат понатамошни придобивки и заштеда на енергија низ нашиот електричен опсег. Со веќе илјадници наши вилушкари кои работат со литиум јонски баатерији низ Европа, ние сме во состојба да обезбедиме висококвалитетен и безбеден начин за придвижување на вашите машини за ракување со материјали.

Литиум-јонското решение има многу предности:

  • Повеќе од 3 пати поголем работен век во однос на оловно-киселински батерии
  • 30% повеќе енергетски ефикасни батерии
  • Нема потреба од дополнување со течност ниту пак одржување на батеријата
  • Нема испуштање на гасови што значи дека корисникот може да полни секаде, и во било кое време
  • 7 години гаранција
  • Подобрена безбедност поради уникатен приклучок за полнење на Тојота
  • Нема потреба од дополнителни промени на батерии или соби за полнење што нуди дополнителни заштеди на трошоците и подобрена безбедност
  • Работи ефикасно во разладени области
  • Со опција за греење при полнење во разладени складишта и континуирани перформанси во текот на смената
  • Нашите клиенти ја користат оваа докажана технологија во многу апликации од 2014 година, што резултира со максимално работно време и продуктивност во работењето на клиентите.

Ставањето на групната компетентност на Тојота во практика, решенијата со литиум-јонски батерии резултираат со модуларно поставување на батериите. Ова значи дека корисниците можат да ја добијат вистинската големина на батеријата компатибилна со нивните потреби. Модуларната поставеност, исто така, обезбедува флексибилност по потреба поради многу малку делови, обезбедувајќи гарантирано максимално време на работа. Независно од големината на операциите, внатрешното решение доаѓа со брзо враќање на инвестицијата, што ги прави релевантни за употреба во сите видови апликации, со низок или висок интензитет. Клиентите, исто така, можат да бидат сигурни со продолжената 7-годишна гаранција без ограничувања.

Возач на BT Optio за собирање на пратки

Нашата палета на производи

Погледнете ја нашата целосна палета на продукти, вклучувајќи регални, палетни вилушкари и собирачи на пратки.

Прочитајте повеќе >

Решенија за литиум јонски батерии на Тојота

Со повеќегодишна испорака на вилушкари со литиум јонски батерии, Toyota Material Handling ви ги претставува своите нови решенија со литиум јонски батерии.

Прочитајте повеќе >

Тојота Систем за Производство

Ние применуваме точен производствен процес и систем со повлекување во нашето производство, што значи дека го произведуваме само она што ќе го нарачате.

Прочитајте повеќе >