Каков вид на тркала ви треба за вашиот вилушкар?

Тркала за рачни Вилушкари

На вашиот вилушкар му е потребен вистинскиот тип на тркала за да може оптимално да работи. Изборот на тркалата зависи од апликацијата и околината во која ќе се користи вилушкарот. Ние нудиме различни материјали за тркалата да одговараат на вашите потреби. Можете да изберете помеѓу единечни или двојни тркала во зависност од употребата на вилушкарот.

Двојни тркала

Двојни тркала се подобро прилагодени за нерамни подови. Товарот се дистрибуира помеѓу неколку тркала, дистрибуирајќи го тежиштето на товарот на повеќе точки при што се намалува триењето и се намалува индивидуалното абење на тркалата.

Единечни тркала

Единечните тркала се претпочитаат за рамни подови и овозможуваат лесно вртење. Но, абењето на единечните тркала е поголемо. Единечни тркала секогаш се комбинираат со тркала за качување кои се наоѓаат на врвот на вилушката за лесно ракување со палетите на долгата страна.

Различни материјали за тркала за Рачни палетни вилушкари

Најлон:

  • Лесно тркало за тврд, рамномерен под
  • Тешко и издржливо
  • Најдобар избор за тешки товари

Полиуретан:

  • Се препорачува кога е потребно ниско ниво на бучава
  • Потешките товари малку потешко се влечат
  • Одговара на сите видови на апликации

Powerthane:

  • Бесшумно движење
  • Подобра издржливост од гумени тркала
  • Висока отпорност на абење

Гума:

  • Многу тивка
  • Обезбедува добар зафат на влажен / лизгав под
  • Антистатичка верзија за минимизирање на електростатичко празнење

Железо:

  • Погодно за тешка индустрија
  • Лесно тркало што спречува отпади или мали предмети да се лепат на тркалото
  • Многу долг работен век

Тркала за Електрични Палетари

1) Балансирачки тркала: Кога вилушкарот врти или поминува испакнатост, се зголемува притисокот врз едно тркало како резултат на компресија на федерот. Благодарение на цевката за торзија, другиот федер ќе се компресира за идентична количина. Вилушкарот останува стабилен и никогаш нема да започне да се тресе и да патува како „патка“, класичен феномен кога силите во федерите не комуницираат.

2) Погонско тркало: Поради централното поставување на погонското тркало, машината не рипа кога тркалото ќе го врати зафатот по завртувањето, на пр. на влажни подови и рампи. Со погонско тркало поставено надвор од центарот, може да се случи значително странично движење во овие ситуации.

3) Тркала на вилушките: Може да се избере помеѓу едно тркало или двојни тркала кај вилушките. Едно тркало за лесно маневрирање и позиционирање за долги странични движења и двојни за лесно искачување на нерамни површини и тешки товари.

Различни материјали за тркала на Електрични палетари

Изборот на тркалата на погонот и вилушките зависи од цената, видот на апликација, интензитетот на работа и видот на површината на која ќе се користи вилушкарот.

Триење

  • Овозможува одличен зафат, 
    дури и на влажни површини
  • Не остава траги на подови 

Вулколан Кварц

  • Предизвикува ефект на песочна хартија што 
    резултира со мало оштетување на подот
  • Одличен зафат

Вулколан

  • Тешко тркало што може да трпи многу тешки оптоварувања
  • Идеален избор за тешки апликации

Топтан

  • Наменети за нормално ракување со товар
  • Овозможува добра контрола

Полиуретан

  • Поевтина алтернатива наменета за помалку интензивни апликации
  • Одговара на сите типови на апликации

12 причини зошто да купите BT Lifter

Откријте ги сите бенефити

Ви треба сервис?

Нашиот сервис тим е тука за вас!

Зошто Тојота Сервис?

Тојота Решенија за Изнајмување

Тојота Решенија за Изнајмување

Нудиме изнајмување на вилушкари за флексибилни периоди. Без разлика дали се работи за еднодневно, неделно или месечно, годишно краткорочно или годишно долгорочно: може да сметате на нас.

Прочитајте повеќе за Решенија за Изнајмување

Ви треба помош?

Го олеснивме начинот за да стапите во контакт со нас. Можете да разговарате, да ни пратите e-mail или ако сакате телефонска поддршка, таа е достапна од Пон - Пет 8:30-16: 30

Контактирајте нѐ