Со помош на
И сите овие информации можете да ги погледнете преку веб порталот на вашиот компјутер или мобилен уред.
Со поврзување на сите вилушкари во рамки на една флота и пренесеување на податоци од еден вилушкар кон телематичка платформа, вие добивате платформа за менаџирање на вашите машини. Во рамка на оваа решение, добивате пристап до листа на флота на сите вилушкари во рамките на вашите операции, и благодарение на податоците што доаѓаат од хардверот на вилушкарите, активноста на овие машини може да се следи и анализира.
Управувањето со флота е единствен начин за ефикасно управување на операциите при манипулирање со товар со следење на сите активности на вилушкарите. Управувањето со флота ви овозможува да се фокусирате на различни аспекти на вашите операции, како што се безбедноста, стандардите на операторите и нивоата на искористеност. Потоа можете да одлучите да преземете чекори како дополнителна обука, споделување на информации со возачите или подобро планирање на достапноста на вилушкарите за да ја подобрите ефикасноста и да ги намалите трошоците во вашите операции.
Со системот за управување на вашиот возен парк кој точно ги мери нивоата на изведба во вашиот магацин, податоците потоа можат да се соберат за да ви помогнат да разберете што всушност се случува во вашето складиште.
Еден пример за понатамошен развиток може да биде тест на флота, што ќе им овозможи на операторите да ги споредат, на пример, нивото на искористеност и удари со оние на другите корисници на флотата.
I_Site е систем за управување со возниот парк, кој првично беше развиен од страна на Тојота пред повеќе од 10 години, со моментално приклучени повеќе од 70.000 вилушкари на мрежа. Хардверот I_Site се состои од телематичка единица и дполнителни сензори вградени во вилушкарите. Ова им овозможува на вашата флота да биде поврзана директно со вашата канцеларија и вашиот ЕРП систем, како и со системската мрежа на Тојота.
Веќе изградивме поврзана флота со повеќе од 70.000 интелигентни оперативни вилушкари, со приближно 250.000 оператори на самата I_Site платформа. Групацијата Тојота користи над 16.500 машини во 650-те фабрики ширум светот – па со тоа ги делиме предизвиците и можностите со кои се сњоочуваат нашите клиенти. Ние се водиме под мотото водење по пример.
Информациите од поврзаните Интелигентни вилушкари преку технологијата I_Site може да се користат за следење и подобрување на сите аспекти на логистичките операции, како што се безбедноста, потрошувачката на енергија и сервисирање. Податоците се достапни преку веб порталот I_Site или мобилната апликација каде може да се пристапи до широк спектар на информации. Можете да пристапите до информациите за нивото на користење на вилушкарот, статусот на полнење на батеријата и неколку други фактори кои даваат целосен преглед на вашите операции.
Можноста за пристап до податоците онлјан во секое време е совршено кога сте во движење или кога работите надвор од својата канцеларија.
Бидејќи телематичкиот хардвер е вграден во стандардните вилушкари на Тојота, овие машини се достапни како интелигентни машни без дополнителни трошкови. Односно сите нови нарачани вилушкари од Тојота се со вграден I_Site систем. Ова значи дека ќе имате преглед на сите вилушкари кои оперираат кај вас како и нивносто работно време.
Ако сакате да добиете најмногу од вашите интелигентни вилушкари и да ги имате сите информации што ги овозможуваат телематичките системи, тогаш надоградбата е супер опција. Со мала месечна претплата можете да пристапите до целосната функционалност на управувањето со возниот парк преку I_Site, без никаква дополнителна инсталација на хардвер.
Кога некој од машините ќе се надогради, се активира стапката на плаќање по вилушкар, месечно.
Доколку сакате да додадете одредени опции можете да побарате вилушкар со следните функции, за кои е потребен дополнителен хардвер по мала надокнада:
- Пред-оперативна проверка: дозвола за вклучување на вилушкарот по извршена целосна безбедносна проверка на вилушкарот од страна на операторот.
- Паметен пристап: им овозможува на овластените оператори да го стартуваат вилушкарот со помош на значка
- MyFleet пакет: збирен извештај од перформансите на вашите машини, базирани на телематиката и внатрешните аналитички ситеми на Тојота.
Со интелигентни машини од Тојота ќе можете да ја подобрите продуктивноста, вашето здравје и безбедноста, безбедноста на вашите возачи и ќе го продолжи работниот век на вилушкарот. Интелигентните машини ќе ви дадат повеќе контрола и ќе можете да ги намалите понатамошните трошоци.
1.Зголемување на продуктивноста
Подобрено искористување на машината: постојните податоци од I_Site на Тојота, произлезени од сите поврзани интелигентни машини кои се веќе во употреба, покажуваат дека повеќето компании можат да го елиминиараат суштинскито отпад во ресурсите преку подобрување на нивоата на искористеност. Ова веројатно ќе резултира со помалку нивоа на барања за машините од страна на клиентите, бидејќи тие почнуваат да ги користат податоците за подобрување на планирањето на возниот парк. Со ова препознаваме дека ова е одговорна насока за преземање како снабдувачи на ресурси и деловни партнери.
Подобрена ефикасност на возачот: од податоците можете да го следите секој вилушкар и секој возач и со тоа да процените кога е потребна дополнителна обука или кога некоја лиценца истекува.
Интелигентно тестирање за проценка и споредба на перформансите на машините на различни локации.
2. Подобрена безбедност и здравје
Превенција на ризик: можете да ја контролирате брзината на вашите машини и да бидете сигурни дека машините привремено ќе бидат оневозможени по некој судир, за да спречи понатамошна несреќа и да ги задржите вашите возачи да бидат повредени.
Следење на судири: благодарение на сензорите за шок, можете да имате преглед на регистрираните влијанија, кога и каде се случиле и при која брзина. Може да бидете сигурни дека машините ќе одат со намалена брзина по ударот, се додека не бидат ресетирани од страна на овластен персонал.
Безбедност на возачот: можете да имате лесен преглед кој возач е овластен да управува со одредената машина, да ги проверувате лиценците и да проверите кој има потреба од обновување, осигурувајќи се дека вашите возачи ќе ги извршуваат одредените безбедности процедури.
Бидете во контрола: секогаш бидете свесни за тоа што се случува, каде и да сте, со можност да преземете дејство доколку е потребно.
3. Зголемување на работниот век на машината и батеријата
Подолг работен век на машината: преку оптимизирање на оперативната ефикасност на машините.
Енергетска ефикасност: благодарение на можноста за следење и оптимизирање на батеријата, за ефективно одржување и продолжување на работниот век.
4. Намалување на трошоците
Ограничете ги оперативните трошоци со можност за следење на искористеноста и оптимизирањето на големината на возниот парк каде што е потребно.
Избегнување на трошоци за штета благодарениа на безбедносните карактеристики.
Пониски трошоци за одржување со следење на начинот на кој се управува опремата.
Пониски трошоци за осигурување со спречување на несреќи.
Преку I_Site апликацијата можете директно да побарате сервисирање. Исто така можете директно да стапите во контакт со сервисниот тим, па дури и да пратите слика или порака. Податоците за трошоци се исто така достапни, поврзувајќи се со системите за податоци за услуги на Тојота.
Телематиката, исто така може да се користи за да се подготват и подржат техничарите на подобар начин. Нашиот фокус е на тоа како иновациите и поврзувањето можат да ја подобрат услугата за нашите клиенти, како и за нашите техничари.
Меѓу придобивките е и можноста да се поврзе со новата платформа на Тојота за мобилни сервиси за техничари, T-Stream. Оваа сервисна алатка може да ги интегрира податоците од приклучените машини на сервисниот техничар, подобрувајќи ја ефикасноста на услугата. Овозможуваето поедноставно сервисирање на интелигентните машини, со далечинско информирање и одржување базирано на активностите, шти резултира со пониско време на прекини и вкупни трошоци.
Теренските сервисери кои се поврзани со системот имаат увид во реално време и можат да утврдат дека опремата и машините работат правилно и ефикасно, што резултира со пониски трошоци за поправки. Наскоро, интелигентните машини ќе им обезбедуваат на техничарите можност за сервисирање на опремата, пред клиентот дури и да знае дека е потребен. Со идентификување на техничките проблеми пред да се случат, клиентот ќе има поголема искористеност на машината и ќе се одстранат несакани прекини.
Во иднина, ние ќе можеме целосно да го смениме нашиот бизнис модел во функција на потребите на клиентите, за да ве советуваме и помогнеме во најдобар можен начин благодарение на податоците обезбедени од телематиката. Поврзаните машини, исто така, ќе и овозможат на Тојота да се придвижи кон предвидувачки сервис, поправајќи ги машините пред да може да се случи нешто несакано, цилајќи кон безпрекидно работење.
Прочитајте повеќе:
Како интегрираната телематика на интелигентните машини доведуваат до подобро сервисирање? >
Можете да управувате со оперативните трошоци, искористувањето на вашите машини и трошоците за штети.
Можете да ги анализирате извештаите за да ги оптимизирате вашите операции.
I_Site придонесува кон почитување на безбедноста и спречување на ризици со контрола на пристап и сензори за удар.
Можете да го оптимизирате користењето на вашата машина и батерии, како и нивниот работен век.