Автоматизирани магацински вилушкари
BT Автопилоти за автоматизирано редење и хоризонтален транспорт.
BT Автопилоти за автоматизирано редење и хоризонтален транспорт.
Автопилот е достапен во различни модели во зависност од вашата работа: хоризонтален транспорт, редење или надополнување. Овие камиони без возач превземаат повторлива работа помеѓу производствените линии и местата за складирање или системите за транспорт. Тие гарантираат безбедност благодарение на напредната ласерска технологија и се засноваат на стандардните дизајни на вилушкарите, така што можат да се управуваат и во рачен режим.
TAE050 е компактен носач на товари кој е економичен и лесен за инсталирање, бидејќи се раководи со магнетна лента на подот. Овој AGV може да се користи за едноставен хоризонтален транспорт од А до Б, за да собере и спушти товарите. Идеално е за носење до 500 кг. AGV е безбеден и точен благодарение на безбедносниот скенер и има лесен за користење екран на допир.
BT Radioshuttle е полуавтоматизиран носач со голема транспортна брзина на товар кој работи во специјализирани регали и може да се води со далечински управувач, додека поставеноста и повлекувањето на палетите може да се изврши со регален вилушкари или со контратег вилушкар. Radioshuttle овозможува складирање со висока густина и максимизиран број локации на палети, заштедувајќи простор и цена.
T-ONE е инсталиран како интегрално ниво за комуникација со автоматски управувани возила Toyota Autopilot (AGVs) и постојната инфраструктура, како што се системи за управување со складиште, идентификација на стоки и друга опрема за ракување со материјали. Интелигентниот софтвер нуди оперативна робусност и го оптимизира користењето на магацински ресурси. Ви нуди флексибилност, непречена интеграција и континуиран проток на вашите операции.
Заедно со нашата сестринска компанија Vanderlande нудиме широк спектар на интегрирани целосно автоматизирани решенија (иновативни системи, интелигентни софтвер и услуги за животниот циклус) за да имплементираме брза, сигурна и ефикасна технологија за автоматизација во вашето работење. Дознајте повеќе на https://www.vanderlande.com.
Со гордост ви ја нудиме можноста да ви дадеме најдоби решенија за имплементација на економичен производствен тек.
Ние се стремиме да ги разбереме вашите индивидуални потреби, со цел секогаш да даваме квалитет, сигурност и индивидуално решение за да одговараат на вашите точни барања.
Ние применуваме точен производствен процес и систем со повлекување во нашето производство, што значи дека го произведуваме само она што ќе го нарачате.
Нашето финансиско решение ви нуди простор за целсоно фокусирање на вашата основна дејност.