Преку акредитација, ние се осигуруваме дека нашите сервисни активности се во согласност со стандардите на Тојота.
Реактивноста е приоритет кога вашата операција е попречена. Ова значи повторно враќање на вашиот бизнис во работна состојба брзо и ефикасно.
Без оглед каде и да сте, може да се потпрете на нашиот висок стандард на сервис и доспевање точно на време.
Jidoka е принцип на работа со кој се постигнува видливост на проблемите. Ние ги сфаќаме сите ваши проблеми сериозно и ги разрешуваме што е можно побрзо и безбедно.
"Да отидеме и да видиме", за да можеме навистина да ја разбереме ситуацијата во реалност и да го решиме секој проблем.
Наша цел е да одговараме точно на вашите потреби. Со вистинските луѓе, вистинските вештини, вистинските делови и вистинските договори.
Верувајќи во нашата филозофија на континуирано подобрување, принципот на "Toyota Way" и нашиот систем на сервис, бидете сигурни дека секогаш работиме на подобрување на квалитетот на нашата услуга.
Poka Yoke е принцип или процес дизајниран за да се избегнуваат грешки. Со постојано надградување на квалитетот на резервните делови и нивната проверка пред дистрибуција, се осигуруваме дека точниот дел ќе биде испорачан на време.
Благодарение на нашата посветеност на долгорочното и стратешкото планирање, можете да бидете сигурни дека ние ќе ги задоволиме вашите барање не само утре, туку и во годините што следат.
Секогаш се фокусираме на елиминирање на отпадот и минимизирање на нашето влијание врз животната средина.
Нашите техничари имаат онлајн пристап до сите информации потребни за работата. Ова ви овозможува секогаш да се потпрете на ефикасна и висококвалитетна услуга со минимално време на застој.
Heijunka го балансира нивото на обемот на работа и создава непречено работење. Затоа планирањето и распоредувањето на секоја посета е наш приоритет.
Ние применуваме точен производствен процес и систем со повлекување во нашето производство, што значи дека го произведуваме само она што ќе го нарачате.
Со нашите пакети можете да го прилагодите вашиот сервис на вашиот бизнис, без оглед на големината.
ASEC и STEP програмите го подобруваат искуството кај клиентите и се клучен дел од Тојота Сервис Концептот.