Целосниот опсег на вилушкари на Тојота е дизајниран да работи ефикасно до 0°C без модификација. Сепак, за температури до -30°C, повеќето вилушкари треба да се адаптираат. Специфичните карактеристики може да вклучуваат нерѓосувачки челик, масло за ладење, анти-лизгачки платформи, загревани батерии итн. Тојота нуди широк спектар на магацински вилушкари вклучувајќи рачни палетни вилушкари, комисионери, регални вилушкари и вилушкари за многу тесни простори (VNA), како и контратег вилушкари кои можат целосно да се дизајнираат за употреба во ладилници. Некои вилушкари бараат мала модификација, на пример, електричните палетари Toyota BT Levio and BT Staxio едноставно имаат потреба од нискотемпературно хидраулично масло - во сите други погледи, тие се претходно дизајнирани за ладилници со целосно запечатени компоненти. Сите вилушкари за во ладилници се јасно дефинирани со симболот на снегулка. Ова помага да се намалат трошоците со намалување на ризикот од неправилно користење на вилушкарите.
Операциите со ладилници се едни од најтешките предизвици при ракување со материјали. Температурата под нулата може драстично да влијае врз капацитетот на батеријата на вашиот камион, електрониката, подмачкувањето, каросеријата и способноста на возачот да управува со вилушкарот. Ефикасноста и времетраењето се клучни во замрзнатото складирање на лесно расиплива стока (како риба, месо, овошје, млечни производи и сл.). Затоа, за да се спречат кварови и трошоци за поправки, високо препорачливо е да се користи вилушкар за во ладилници. Во зависност од моделот, вилушкарте се опремуваат со потребните компоненти (масло за ладење, оски од не'рѓосувачки челик, платформи за во ладилници...) за да ја задржат продуктивноста во ладна средина.
За да дознаете кои вилушкари и спецификации се вклопуваат за работење во ладно, контактирајте нѐ за да добиете повеќе информации или да нарачате оцена на ваша локација.
Нашите вилушкари и решенија се користат во буквално секој сектор и околина. Можете да изберете од широката понуда на опрема за ракување со материјали, вклучувајќи рачни и автоматски вилушкари, сите изградени според стандардите со висок квалитет на Тојота Производствен Систем (TPS). Но, исто така, различни енергетски решенија, неколку видови на регали кои се вклопуваат со вашата стока и достапниот простор, и сервис прилагоден на вашите потреби кои покриваат широка мрежа во Европа.
Кондензацијата е еден од најголемите технички предизвици за вашите операции во ладно. Кога одите од студ во надворешна атмосфера, влагата ќе се формира насекаде низ вилушкарот, при што може да се замрзне пак кога повторно ќе се врати назад, со што ќе се оштетат компонентите на вилушкарот. Затоа препорачуваме да се олади посебна соба надвор од ладилникот за да се минимизира кондензацијата на вилушкарте и товарите. Или да останете надвор од студената област додека вилушкарот не е сув пред повторно да влезете. Друга алтернатива е да останете во ладилникот што е можно подолго: литум-јонските батерии за во ладилници им овозможуваат на операторите да возат и да полнат внатре во ладилниците подолг временски период.
Освен соодветна облека и обука за операторите кои треба да работат на температури до -30 ° C, исто така се достапни целосно затворени кабини со грејачи. Овие кабини ќе ги држат топли и здрави, помагајќи им да останат продуктивни во текот на смената. Во комбинација со литиум-јонска батерија со грејач, вилушкарот, исто така, може да се наполни во рамките на ладилникот за време на паузите. Нудејќи висока ефикасност, истовремено елиминирајќи ја потребата за размена на батерии и проблеми со кондензацијата.
И оловно-киселинските и литиум-јонските батерии можат да работат во ладилници. Но, дали знаете дека оловно-киселински батерии губат значителна количина на енергија кога работат во ладилници? Литиум-јонските батерии, од друга страна, губат малку од перформансите во рамките на ладилникот и имаат енергетска ефикасност која е до 30% повисока од оловно-киселинските. Ова овозможува подолго време на работа, и во комбинација со способноста да се полни во ладилникот благодарение на нашето решение за греење на батериите, вилушкарите можат непрекинато да работат во текот на смената. Имајќи го вилушкарот присутен секогаш во ладна средина, спречува проблеми со кондензацијата што се јавуваат кога често влегувате и излегувате од ладилникот.
Искористеноста на просторот во ладилниците е од исклучително значење бидејќи ладилникот е доста скап. Особено во ладни простории со температури до -30°C, просторот треба да се пополни колку што е можно поефикасно. Шатл-регални решенија и / или мобилни регали се добри начини за максимизирање на употребата на просторот додека го одржувате протокот на работе постојан.