Серијата BT Optio N –се состои од лесни и компактни собирачи со тесна шасија. Дизајнирани да се приклучат со различни приколки, тие се погодни за широк опсег на средини. Ниските скалила и можноста за приклучување на приколки со едноставно полнење на батерија ги прави овие машини многу лесни за користење.
BT Optio L – комисионери се изградени со робусна и модуларна шасија и се идеални во средини со брзо подвижни пратки. Благодарениа на широкиот опсег на опционални конфигурации, како што се подигање на платформа и полу-автоматска оперирање со далечинска контрола, можете да ја одберете вистинската спецификација за вашите потреби за собирање до второ регално ниво. Моделите од 1.2 тона и 2.5 тона се исто така достапни како полу-автоматски комисионери со далечинска контрола (t-mote). Овие комисионери се опремени со телематски хардвер, кој ги прави интелигентени и конектирани со системска мрежа. Ова ви овозможува лесна прегледност на активностите на машината и можност за подобрување на продуктивноста, безбедноста и ефикасноста.
Дизајнирани за средно собирање на пратки, BT Optio M – серијата е достапна во неколку варијанти: жичано/железничко или слободно насочување. Овие возила обезбедуваат максимална удобност во комбинација со продуктивност, со BT Optipace за оптимизирана брзина на подигање до трето ниво. За специјализирани нарачки за собирање ви нудиме соодветни модели како што се верзии со можност за закачување на палети директно на вилушките и простор за одење по нив. Овие комисионери се опремени со телематски хардвер, кој ги прави интелигентени и конектирани со системска мрежа. Ова ви овозможува лесна прегледност на активностите на комисионерот и можност за подобрување на продуктивноста, безбедноста и ефикасноста.
Серијалот BT Optio H е дизајниран за подигање на нарачки на високо ниво во тесни патеки. Благодарение на висината на подигање до 12,1 m и системот BT Optipace, тие одликуваат со продуктивност и перформанси. Пространа кабина и прилагодливи контроли му нудат на операторот голема удобност, дури и во висина. Верзија со можност за одење е исто така достапна за поставување палети директно на вилушките. Овој вилушкар е опремен со телематска опрема, што го прави интелигентен и може да се поврзе на интернет. Ова ви овозможува лесно следење на неговата активност и подобрување на неговата продуктивност, безбедност и ефикасност.
Вилушкарите за собирање пратки на Toyota опремени со функцијата за далечински погон t-mote ја зголемуваат продуктивноста во процесите на подигање, ја подобруваат ергономијата со намалување на заморот на операторот и придонесуваат за побезбедна работна средина.