Кревање на стандардите до нови висини

Од накосена кабина до движење од 360°, од напојување со наизменична струја до регенеративно сопирање, од преодна контрола на подигање до интегрирана телематика: Тојота е водечка компанија во класата со иновативни карактеристики во текот на овие години. Со новата серија BT Reflex, поставуваме нови одредници за безбедност, ергономија и енергетска ефикасност.
;

Докажана иновативност

ИНТУИТИВЕН

Возачите на регални вилушкари се најдобро квалификувани оператори во вашиот тим. Ние им помагаме да им ја олесниме работата, да биде побезбедна и да се чувствуваат поудобно со ново дизајниран, ергономски и функционален оддел за возачи.

ИНТЕРАКТИВЕН

Новиот и уникатен интерактивен екран осетлив на допир има различни функции како што се контрола на брзината, висината на кревањето и предупредувања за преоптоварување.

ИНТЕЛИГЕНТЕН

Нашата анализа од 10.000 поврзани вилушкари докажа дека литиум-јонските батерии ги исполнуваат барањата за достигнување на бараните апликации. Значи, ние ви нудиме избор помеѓу 3 енергетски пакети за да го пронајдете оној што одговара на вашите операции. Одговорна одлука за трошоците за животниот циклус, продуктивноста и околината.

АДАПТИВЕН

Може да достигнете нови нивоа во безбедност, продуктивност и ефикасност со интелигентните вилушкари како BT Reflex. Овозможување само овластени возачи да ја стартуваат машината на безбеден начин и олеснување на поврзувањето со управувањето со флотата I_Site од Toyota.

Потпрете се назад, погледнете нагоре

Ниту еден возач не е ист, па затоа се обидовме да дизајнираме решение кое би било комфорно во висина и аголи, без оглед кој вози.

За максимална видливост, има опционален панорамски стаклен покрив. Уникатната навалена кабина кај моделите од серијата Е е докажана иновација што го намалува оптоварувањето. Среќен оператор е и продуктивен оператор

Повисоко ниво на комфорт

Новото седиште (опционално) со воздушна суспензија ја осигурува удобноста на возачите кои ќе можат да креваат без никакви проблеми. Висината на подот на кабината исто така може лесно да се прилагоди со едно притискање на копче, што дополнително ја подобрува ергономијата на возачот.

Се на дланка

Новиот Reflex се одликува со нова контролна единица од десната страна, што им овозможува на возачите да изберат или контролер со мини џојстик или повеќефункционална контрола, во зависност од волјата на возачот.

ДОДАТОЦИ

Дополнително складирање, приклучок за полнење на мобилен телефон, па дури и опционален интегриран Bluetooth звучник во покривот за да можете да ја слушате вашата омилена музика во текот на целата смена.

Интерактивен дисплеј на допир

Toyota BT Reflex touchscreen close up

Погледнете ја целосната приказна

Слушанете го нашиот софтверски програмер Сенди како зборува за новиот интерактивен екран осетлив на допир.

Контрола на пристап

Новиот екран на допир овозможува лесна интеракција помеѓу вилушкарот и возачот. Што значи повисоко ниво на безбедност и продуктивност. Со пин код или картичка за пристап, осигурувате дека само овластените возачи можат да управуваат со регалниот вилушкар.

Контрола на движење

Во новиот интерфејс на екран осетлив на допир не е вклучена само суштинската пред-оперативна проверка, туку и другите безбедносни карактеристики, како што се автоматска контрола на брзината, израмнување на вилушката и центрирање. Безбедноста на прво место!

Режим на кревање

Додека го креваат товарот, возачите ќе добиваат постојани ажурирања за висината на кранот, тежината на товарот и прецизност со вилушките, како и повеќе критични предупредувања, како предупредувања за преоптоварувањето.

Прилагодливи поставки

Екранот на допир ви овозможува да ги контролирате поставките, како што се ограничувањата на висината на подигањето и предизборот на висината и другите параметри на изведба важни за вашите операции.

Интелигентни енергетски пакети

Lithium battery

Погледнете ја целосната приказна

Слушајте го нашиот директор за продажба Стефан како зборува за новите интелигентни енергетски пакети.

Литиум-јон: Патот по кој треба да се оди

BT Reflex е опремен со сопствени литиум-јонски батерии на Toyota како склоп на енергетски пакет. Брзо и лесно полнење избегнува промена на батеријата, па затоа, нема потреба од просторија за полнење.

Перфектен склоп

Анализата на 10.000 поврзани вилушкари докажува дека литиум-јонот е најпосакувано енергетско решение за да одговара на најинтензивните апликации на вилушкарите. Совршено одговара и за вас и за околината.

Двојно повеќе работен век

Како и кај сите енергетски системи базирани на литиум-јони, се без одржување и со помалку дневна нега. Ова дава поголем животен век што одговара на животниот циклус на вилушкарот. Работниот опсег ќе зависи од нивото на полнење што се случува за време на работните паузи.

3 различни големини

Добрите дисциплини на полнење можат да им овозможат на вилушкарите со дури и најмал енергетски пакет да работат деноноќно. Но, за максимална флексибилност, ние нудиме 3 различни опции

  • Стандарден пакет
  • Интензивен пакет
  • Макс пакет

Преглед со I_Site

Само авторизирани оператори

Креирање на уникатни профили на оператори со ПИН-код во порталот I_Site обезбедува пристап само на обучени и овластени оператори кои можат да работат со вашите машини. Или можете да користите картички Smart Access, убаво интегрирани во интерфејсот на возачот

Зголемена безбедност

Пред-оперативната проверка е интелигентна опција на I_Site што е вклучена во интерфејсот на BT Reflex за да бидете сигурни дека автоматската проверка е направена од вашите возачи пред секоја смена - со што се подобрува сигурноста и безбедноста.

Пораки од вилушкарот

Оваа одлика на I_Site овозможува лесно испраќање на пораки до и од вилушкарот преку новиот интерфејс на возачот. На пример, возачот може да испрати предупредување во случај на проблем, а сервисер може да испрати порака до возачот да побара враќање во базата.

Менаџирајте ги ударите

Шок сензорите на BT Reflex даваат информации за судири. Прегледот преку управувањето со возниот парк на I_Site овозможува да се разгледа инцидентот и возачот за да помогнат да се спречат и избегнат оштетувањата на поврзаните интелигентни вилушкари и инфраструктура - за побезбедна и поекономична работа.

Запознајте се со новата фамилија на Reflex

BT Reflex R-серија

Високи перформанси

  • Капацитет на кревање: до 13 м
  • Капацитет на носивост: до 2.5 тона
  • Одлична стабилност и контрола на транзиција при кревање

Одете кон продуктите

BT Reflex E-серија

Кабина со навалување

  • Капацитет на кревање: до 13 m
  • Капацитет на носивост: до  2,5 t
  • Намалена вкочанетост при работа на операторот

Одете кон продуктите

BT Reflex O-серија

За надвор и внатре

  • Капацитет на кревање: до 7,5m
  • Капацитет на носивост: до 1,6 t
  • Издржливи тркала и големо растојание од земја

Одете кон продуктите

Сакате да дознаете повеќе?

Често поставувани прашања

Сакате да добиете понуда?