Базиран на BT Reflex регални вилушкари, BT Vector R – серијата е дизајнирана за оперирање во многу тесни простори. Овие регални вилушкари за во тесен простор се дизајнирани за движење по индуктивна жица или со помош на механичко наведување, што придонесува за брза, но безбедна работа со оптимизирани брзини на движење и кревање. Овие R – модели се достапни со телескопски вилушки конструирани за флексибилност или ротирачки вилушки за најтесните простори. Овој регален вилушкар е опремен со телематички хардвер кој овозможува поврзување во мрежа. Притоа нудејќи можност лесно да се следи неговата активност и со тоа да се подобри неговата продуктивност, безбедност и ефикасност.
BT Vector A – серијата се напредни регални вилушкари со артикулирана шасија за оптимална стабилност и вертикален трансфер за повеќе простор при складирање. Овие регални вилушкари извршуваат висококвалитетна работа при манипулирање со палети или собирање на пратки со помош на индуктивна жица или со механичко наведување со оптимизирана енергетска ефикасност при кревање. Регалениот вилушкар е опремен со телематички хардвер кој овозможува поврзување во мрежа. Притоа нудејќи можност лесно да се следи неговата активност и со тоа да се подобри неговата продуктивност, безбедност и ефикасност.