LWI160, исклучително компактен благодарение на модуларното Li-ion решение на Toyota
Уникатното решение со модуларни литиумски батерии на Toyota Material Handling го прави LWI160 првиот електричен палетар во индустријата кој е оптимизиран со радикален нов пристап во дизајнот. Развивањето и оптимизирањето на целиот распоред на вилушкарот со отстранување на традиционата кутија за батерии овозможува оптимално вклопување на сите компоненти, зголемувајќи ја ефикасноста и перформансите. Ова е само почеток на новата ера која и овозможува на Toyota да се надоврзува на истиот пристап, ослободувајќи го дизајнот за да испорача оптимизирани производи и решенија за клиентите во операциите за ракување со материјали.